Полициски службеник настрада во протестите на „Олд трафорд“ (видео)

Полициски службеник настрада за време на протестите на навивачите на Манчестер јунајтед кои влетаа на теренот на „Олд трафорд“ непосредно пред дербито против Ливерпул.

Полицаецот сидоби лузна за цел живот на лицето, иако брзата помош интервенираше и му ја санира повредата, но ваквите последици не се прифатливи иако протестите беа најавени дека ќе поминат мирно и без инциденти.

Се протестира против сопствениците Глејзер, па затоа е срамота што навивачите го истуриле гневот врз полицаецот, кој само си ја вршеше работата.

https://twitter.com/ManUtdReports/status/1388888066933370882

Во меѓувреме донесена е конечна одлука за дуелот меѓу Јунајтед и Ливерпул да се одложи и да се бара нов термин за одигрување на истиот.

- Оглас -

Најнови вести