Гибралтар е во фудбалски транс, до историја ги возеше Линколн на драматичен начин (Видео)

Една од најмалите држави во Европа, Гибралтар, е во фудбалски транс, а дотаму ги возеше Линколн, сензацијата што ќе игра во фазата по групи во Конференциската лига на УЕФА и е прв клуб од оваа земја што успеал да се пласира во некое од европските натпреварувања.

Играчите на Линколн се јунаци на нацијата откако во реванш-финалето во квалификациите за Конференциската лига ја победија летонската Рига со 3:1 по продолженија.

Во регуларниот дел  на „Викторија стадионот“ беше 1:1, исто како и во Летонија, а потоа се комплетира сензацијата на Линколн со гол во последните моменти од првото продолжение.

Голот што најави историја го постигна дефанзивецот Рој Чиполина во 105-тата минута и можете да го погледнете ОВДЕ.

Потоа во последните моменти од второто продолжение погоди и Кијан Ронан за конечни 3:1 и со вкупен резултат од 4:2 Линколн се избори за учество во новото натпреварување на УЕФА.

Досега ниту еден клуб од Гибралтар не играл во фаза по групи во било кое европско натпреварување под капата на УЕФА.

 

 

- Оглас -

Најнови вести