Гираси ја разбуди надежта во Дортмунд, ПСЖ со два гола ја „згасна“ во Бирмингем

Борусија Дортмунд има водство од 1-0 по првото полувреме на реванш мечот против Барселона, но и има да надомести уште три гола ако сака да стигне до чудо и да се обиде да го елиминира каталонскиот гигант. Барса има предност од 4-0 по првиот четвртфинален дуел во ЛШ против германскиот претставник.

Серху Гираси го постигна единствениот гол за Борусија Дортмунд во досегашниот тек од двомечот. Тој погоди во 11-тата минута од белата точка.

Пари Сен Жермен со двата гола на Ашраф Хакими и на Нуно Мендеш поведе со 0-2 на „Вила парк“ против Астон Вила, а Јури Тилеманс погоди во 34-та минута за мала надеж за англискиот тим.

ПСЖ има предност од 3-1 по првиот дуел одигран во Париз.

- Оглас -

Најнови вести