Главниот судија ги извади од „памет“ Мбапе и Меси (ВИДЕО)

Лионел Меси и Килијан Мбапе имаа брилијантна партија вчеравечер против Лајпциг.

Двете ѕвезди во тимот го предводеа ПСЖ до победа од 3:2, од кои два гола беа на Меси, а еден на Мбапе. Сепак, пред почетокот на самата средба се случи еден интересен момент во кои „главни“ беа токму овие двајца фудбалери, како и арбитерот на овој меч, Марко Гвида.

Играчите на двата тима беа опуштени во тунелот, а камерата ги улови Меси, Мбапе, Верати и Хакими како разговараат, а во еден момент се слуша звукот на свирчето на главниот судија, а Мбапе се извади од „памет“, а слична реакција имаа и останатите фудбалери.

 

 

- Оглас -

Најнови вести