Главните фаворити за титулата со рутински победи го започнаа настапот на СП

Кошаркарските репрезентации на САД и на Шпанија кои се главни фаворити за титулата, со лесни победи го започнаа настапот на Светското првенство кое се игра во Јапонија, Индонезија и Филипини.

Селекцијата на САД која на Мондобаскетот пристигна во подмладен тим, со 99:72 го совлада Нов Зеланд.

Шестмина кошаркари на САД постигнаа двоцифрен број на поени, а во отсуство на најголемите ѕвезди, најдобар беше Паоло Банкеро со 21 постигнат поен.

Актуелниот светски шампион Шпанија беше подобра од Брегот на слонова коска и тоа со 94:64. Вили Ернангомес беше најпрецизен кај Црвената фурија со 22 поени и пет скока.

- Оглас -

Најнови вести