Глазгов Ренџерс сезонава е далеку од трката за титулата во првенството каде што доминира Селтик. По 25 одиграни меча, Глазгов Ренџерс заостанува дури 13 бодови зад Селтик.
Освен во првенството, Глазгов Ренџерс вечерва беше посрамотен и во Купот, каде загуби од второлигашот Квинс парк со 0:1 и ја загуби шансата за трофеј и во ова натпреварување.
На својот „Иброкс парк“, Глазгов Ренџерс беше изненаден од второлигашот, кој беше апсолутен аутсајдер пред мечот. Квинс Парк даде гол во 69 минута и до крајот на средбата успеа да се одбрани. Глазгов Ренџерс имаше огромна шанса да се спаси од историската брука, кога беше досуден пенал, но и од таа ситуација не беше постигнат гол, па започна големото славје на гостите.