Глупост на денот: Во 90 минута му удри шлаканица на противникот што значеше пенал и црвен картон (Видео)

Ливингстон направи големо изненадување и одигра 0:0 на гостувањето кај Селтик, во 12 коло од шкотското првенство. Селтик беше голем фаворит за победа, но домаќините не успеаа да го срушат бункерот на Ливингстон. Тоа што 92 минути Селтик не успеа да го направи, за малку ќе им го подареше гостинскиот фудбалер Ајо Обилеје.

Се играше судиското надополнување која Обилеје со рака по глава го удри противничкиот играч Кјого Фурухаши. Сето тоа се случуваше во петерецот на гостите, па судијата за овој потег на играчот на Ливингстон му покажа црвен картон, а Селтик доби шанса да стигне до победа од пенал.

Ударот на белата точка го изведе Јоргос Јакумакис, но промаши и остана 0:0.

 

- Оглас -

Најнови вести