Гнабри ја зеде „седумката“, европскиот првак има ново дуо налик на Рибери-Робен

Ѕвездата на Баерн Минхен, Серж Гнабри, одлучи да го смени бројот 22 и да ја преземе слободната „седумка“ која до лани го носеше легендата на Баварците, Франк Рибери.

Европскиот првак повторно ќе има опасно дуо по крилните позиции налик на Рибери и Робен, со оглед на тоа дека Лерој Сане, кој пристигна претходно летово, се одлучи да го носи бројот 10 на холандската легенда.

Гнабри докажа дека може да игра во стартниот состав на Ханси Флик со настапите од минатата сезона во која ја освои тројната круна, додека со ангажманот на Сане екипата доби на експлозивност, па овој моќен Баерн ќе биде уште поопасен во новата сезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести