Ловро е хит – Го бараат гигантите Барса, ПСЖ и Атлетико, а француски Рен со него ќе го урива хрватскиот рекорд

Хрватскиот репрезентативец Ловро Мајер игра фантастично за Рен во Франција и веќе е на цел на неколку фудбалски гиганти, а го бараат Барселона, ПСЖ и Атлетико Мадрид, па неговиот сегашен клуб за да се заштити, одреди сума од 60 милиони евра за продажба на 24-годишниот играч од средниот ред.

Ако Рен успее да го продаде Мајер по таа цена, тоа би бил рекорд за Хрватска, а засега број 1 е трансферот на Матео Ковачиќ од Реал Мадрид во Челзи за сума од 45 милиони евра.

Мајер го нарекуваат новиот Лука Модриќ, а лани во Лига 1 во Франција имаше учинок од шест гола и 9 асистенции на 36 настапи.

Динамо Загреб му го продаде на Рен за 12 милиони евра, а се очекува, според интересот за Мајер, францускиот клуб да добие 60 милиони евра и да оствари ќар од 48 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести