Го декласираа Младите момци од Берн, сега шпиунира против нив

Петер Бош доживеа дебакл со Баер Леверкузен во двомечот со Јанг Бојс и двапати беше поразен и елиминиран со вкупен резултат од 6:3, а сега ќе се обиде да се реваншира на индиректен начин.

Бош како што изјави неговиот сонародник на клупата на Ајакс, Ерик Тен Хаг, контактирал со аналитичарите на тимот од Амстердам за да им помогне да се елиминира швајцарскиот тим.

„Контактиравме со Петер и добивме корисни информации за нашиот следен ривал“, изјави Тен Хаг. Баер Леверкузен со Бош на кормилото претрпе два порази од швајцарскиот клуб, а сега Ајакс ќе се обиде да ги сопре младите момци од Берн.

Интересно е што Бош беше тренер на Ајакс во сезоната 2016/17, пред да се пресели во Германија, најпрво како кормилар на Борусија Дортмунд и сега како шеф на стручниот штаб на Баер Леверкузен.

Двомечот меѓу Ајакс и Јанг Бојс ќе почне утре на „Јохан Кројф“ арена во Амстердам од 18.55 часот, а реваншот е во Берн на 18. март од 21 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести