Го намести голот вреден за титула на Копа Америка, па потпиша за шпанскиот првак

Родриго де Паул и официјално е нов фудбалер на Атлетико Мадрид, потврди клубот преку својата веб-страница. Аргентинскиот играч за врска потпиша петгодишен договор со шпанскиот првак, а Удинезе за возврат инкасира 35 милиони евра од овој трансфер.

Де Паул беше асистентот на победничкиот гол кој го постигна Ди Марија во финалето на Копа Америка меѓу Аргентина и Бразил, па како јужноамерикански шампион пристига на „Ванда Метрополитано“.

Во изминативе пет години, Де Паул за Удинезе запиша 184 настапи, во кои забележа 34 гола и 36 асистенции, му беше соиграч и капитен на македонскиот репрезентативец Илија Несторовски.

- Оглас -

Најнови вести