Го направија најголемото изненадување синоќа, а потоа шокираа со начинот на прослава (Фото)

Специја го направи најголемото изненадување во европскиот фудбал за викендов, откако успеа со 2:0 да го победи Милан, во меч од Серија А. Иако Росонерите беа големи фаворити против тимот кој има најслаб биланс на свој терен, Специја одигра одлично и со два погодоци во второто полувреме го сруши големиот ривал.

Покрај двата погодоци, посебно внимание привлече начинот на кој беше прославен голот на Џулио Маџоре. Откакко Маџоре погоди, се стрча кон корнер знаменцето, а прв до него пристигна Рикардо Сапонара. На изненадување на сите, Сапонара му го соблече шортцот на Маџоре и почна да го плеска по задникот. Фотографиите доволно говорат за начинот на прослава на погодокот кој може да го видите ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести