Полноќниот експрес кој беше наменет за дуелите во ноќта меѓу четврток и петок, за многу малку ќе беше добитен со квота од 31.90. Погодивме четири типови од понудените пет, а само Џоел Ембид не успеа да реализира повеќе од 35 во вкупниот збир на поени, асистенции и скокови. Ѕвездата на Филаделфија во победата над Торонто реализира 17 поени и 12 скока, но само една асистенција, што значи дека му недостасуваа само четири поени за да имаме „пет од пет“ во последните типстерски совети во Полноќниот експрес.
Стеф Кари (Хјустон рокитс – Голден стејт вориорс, 03 часот – Шести натпревар, полуфинале Запад. Голден стејт води 3-2)
Дефинитивно Кевин Дурант нема да се врати во полуфиналната рунда. Најдобриот играч на Голден стејт во овие разигрувања се здоби со повреда на листот во победата за 3-2 против Хјустон, па сега јасно е дека сета одговорност ќе се префрли на Стеф Кари. Впрочем, тој сè уште е прва ѕвезда на тимот, Кари е најзаслужен за барем за две од трите титули кои Воините ги освоија во изминативе четири сезони.
Се знаеше дека воопшто нема да им биде лесно во полуфиналната серија против Ракетите, бидејќи тие посакуваат реванш за минатогодишната елиминација во финалето од Западот. Токму ноќеска во Тексас, Хјустон може да се избори за седми дуел, па во мајсторката да ја бара својата шанса за пласман во следната фаза.
Но, за да не се случи тоа, ќе биде потребна сјајна партија на Кари, па затоа ќе типуваме трикратниот шампион да ја надмине границата во трите статистики.
Предлог тип: С. Кари тотал поени+асистенции+скокови >42.5 (1.75)
Џејмс Харден (Хјустон рокитс – Голден стејт вориорс, 03 часот – Шести натпревар, полуфинале Запад. Голден стејт води 3-2)
Со Дурант или без, Голден стејт нема одговор за Харден. Едноставно за Брадата не постои ненадминлива препрека, па иако неговиот тим се наоѓа пред елиминација, тој ќе даде сè од себе тоа да не се случи пред неговите навивачи. Харден го надминува својот просек во поени во ситуации кога Хјустон победува, но и кога губи, така што во очекуваната долга, тешка и неивесна претстојна битка со актуелниот шампион, тој ќе биде на високо вино.
Предлог тип: Џ. Харден тотал поени+асистенции+скокови >49.5 (1.87)
Kлинт Капела (Хјустон рокитс – Голден стејт вориорс, 03 часот – Шести натпревар, полуфинале Запад. Голден стејт води 3-2)
Капела може да биде херојот од сенка за Ракетите во нивниот најголем предизвик за оваа сезона. Доминантниот центар на Хјустон во многу ситуации се покажал како клучен за тимот кој го води Мајк Д‘Антони. Токму неговата жртвуваност под обрачите може да биде проблем за Голден стејт, како што го правеше тоа во текот на целата серија.
Капела во просек остварува по 10 скока само во оваа полуфинална рунда, a треба да се знае дека оваа сезона е петти најдобар скокач во цела чига со просек од 12,7 скока по меч.
Предлог тип: К. Капела >11.5 скокови (1.90)
Ванкувер вајткепс – Портланд тимберс (04 часот, МЛС лига на САД)
Актуелниот вицешампион не планираше старт на сезоната со пет порази по девет меча, но добро е што Портланд навреме се разбуди и сега победува во серија. Сепак, дојдат до четвртиот последователен триумф ќе треба да го надиграат тимот од Ванкувер, од кого лани претрпеа два порази, и дома и на гости.
Но, гледајќи ја нивната историја, Ванкувер и Портлад не разорачуваат во најважното, да постигнуваат голови и да ја забавуваат публиката. Седум последователни меѓусебни средби завшија кладичничарски кажано „г-г 3+“, па нека биде така и ноќеска.
Предлог тип: ГГ 3+ (1.87)