Го носи името на легендата на Реал, тоа го понесе да изведе велемајсторски ножички за победа во „90+6“ (видео)

Раул Гонзалес Бланко своевремено беше страв и трепет во фудбалска Европа носејќи го дресот на Реал Мадрид, а негов имењак ноќеска изведе велемајсторија во УСЛ шампионатот на САД, со кој донесе победа на својата екипа Мемфис од 3-2 над Бирмингем во шестата минута од судиското надополнување.

Домаќините изведуваа корнер во последните моменти од мечот, играчите на Бирмингем не ја исчистија опасноста, па одбиената топка ја искористи Раул Гонзалес кој без размислување изведе ножички и силно ја заби топката во противничката мрежа за делириум на трибините.

https://streamable.com/el4qq0

- Оглас -

Најнови вести