Го обвини селекторот дека му го украл дресот кој го добил од ѕвезда на Бразил, па доби шут-карта од репрезентацијата

Морјале Сила е отстранет од репрезентацијата на Гвинеја пред стартот на Африканскиот куп на нациите кој ќе се игра во Брегот на Слонова Коска поради бизарна причина.

Сила, кој настапува за португалскиот тим Арука, прво ги обвини колегите од репрезентација, потоа и селекторот Каба Дијавара дека му го украле дресот кој го доби од Винисиус Жуниор по пријателскиот меч кој пред неколку месеци го одиграа Гвинеја и Бразил.

Соиграчите побараа Сила да се извини за обвинувањата, а откако фудбалерот на Арука одби да го стори тоа, селекторот Дијавара го исфрли од репрезентацијата.

Гвинеја на Африканскиот куп на нациите ќе игра во групата Ц заедно со Камерун, Гамбија и актуелниот шампион Сенегал.

- Оглас -

Најнови вести