Девојката на Пауло Дибала ги демантираше информациите дека Аргентинецот и по четириесетина дена повторно е позитивен на корона-вирусот, а одредени италијански медиуми го обвинија Кристијано Роналдо дека е виновен за ширењето лажни вести. Наводно, Португалецот не планира да ја напушти татковината, односно да се врати во Италија и сака што подолго време да остане заедно со семејството во Мадеира.
Наводно, блиски луѓе до Роналдо пренеле информации дека Дибала пак е позитивен на Ковид-19, а Роналдо сака да го искористи тоа како оправдување и да го пролонгира враќањето во Торино.
Иако требаше уште вчера да пристигне во Италија, Роналдо остана дома откако се појавија дезинформациите дека Дибала уште има симптоми на опасниот вирус.