Го посетија во затвор за да потпишат договор, денеска е прогласен за играч на колото (Видео)

Миодраг Гемовиќ е прогласен за играч на колото во српското првенство откако постигна два гола за Војводина против Бачка, за победа на новосаѓани од 2:1 на гостински терен.

Приказната на офанзивецот на Војводина е интересна, а начинот на кој потпиша договор со неговиот сегашен клуб е оригинална во светот на фудбалот.

Претставници на клубот од Нови Сад во 2019 година го посетоја Гемовиќ во затвор и се договорија тој да биде нивниот нов играч. Тогаш офанзивецот беше член на Мачва, а издржуваше казна затвор поради учество во тепачка.

Претходно играше за уште неколку српски клубови, а сега успеа да биде и најдобриот играч на колото во Првата лига.

 

- Оглас -

Најнови вести