Го промаши голот, но ја погоди „метата“, погледнете го најкомичниот пенал во историјата на фудбалот (ВИДЕО)

На натпреварот од ФА купот меѓу Јеовил таун и Вејмаунт виден е можеби и најкомичниот пенал во историјата на фудбалот.

Том Новлс, фудбалерот на гостите, успеа да го промаши голот од пенал, а топката заврши во главата на еден од полицајците задолжени за обезбедување на мирот.

Добро е што се заврши без последици, а вреди да се погледне и реакцијата на полицаецот, кој веднаш се израдува на промашувањето.

Мечот заврши 1:1, по што мораше да се премине на изведување на пенали, каде што поуспешни беа домаќините.

 

 

- Оглас -

Најнови вести