Новиот член на италијанската Серија А, Кремонезе, имаше старт од соништата на новата сезона и го победи Милан на гости со 1-2, но сега се на чекор и од спектакуларен трансфер.
„Скај спорт Италија“ пренесува дека речиси се е договорено со легендарниот напаѓач на Лестер, Џејми Варди, кој треба да пристигне како слободен фудбалер, а остануваат да се допрецизираат само уште детали.
Варди е без клуб цело лето, откако му истече договорот со Лестер, а од редовите на поранешниот шампион си замина како вистинска легенда, со 200 гола на 500 натпревари, од кои 145 во Премиер лигата.