Го судеше мечот ПСЖ – Башакшехир на кој имаше обвиненија и за расизам, вчера едвај преживеа срцев удар

Романскиот судија Овидиу Хатеган имаше итна операџија ноќеска, откако доживеал срцев удар и романските медиуми објавија дека е му е вграден стент.

Овидиу по професија е доктор и тоа и му го спасило животот откако почуствувал болки во градите и веднаш заминал во болница во Темишвар.

„За среќа, веднаш ги препознал симптомите за срцев удар и сам со автомобил пристигнал во болница. По проверката со ЕКГ, знаевме дека има запушена вена и веднаш му е вграден стент“, изјавија од болницата Падуреа Верде во Темишвар.

Хатеган неодамна се вратил од Судиска Арабија, каде што судеше неколку натпревари од тамошната Прва лига во која играат и нашите репрезентативци Џани Алиоски и Александар Трајковски.

Романскиот судија е познат по случајот што беше исклучително контроверзен, а се работи за мечот од Лигата на шампионите меѓу Пари Сен Жермен и Башакшехир.

Тогаш Хатеган беше главен судија, а четвртиот арбитер Себастијан Колтеску, исто така Романец, беше обвинет за расизам откако го посочи Пјер Вебо како „тој со црната кожа“.

Турците не сакаа да го продолжат мечот од Лигата на шампионите, па беше прекинат и потоа и доигран, но без Хатеган и Колтеску и со нови судии.

- Оглас -

Најнови вести