Го удри соиграчот со глава, судијата дојде и во соблекувална му даде црвен картон (Видео)

Фудбалерот на Гримсби, Стефан Пајне направи непромислен потег и со глава го удри соиграчот Филипе Мораис. Целата ситуација се случи по завршување на првото полувреме кога двајцата играчи влегоа во вербален конфликт, а Пајне тргна и со глава го удри соиграчот.

Целата ситуација се случуваше пред очите на главниот судија, кој не му прости на агресивнито фудбалер. Иако Пајне замина кон соблекувалната, арбитарот тргна по него и го следеше дури до соблекувалната за да му покаже дека е исклучен.

Фудбалерот потоа покажа каење за својот потег, дури и заплака, но тоа сигурно нема да го спаси од дополнителна казна. Брандфорд ја искористи бројчаната предност на теренот и победи со 1:0.

 

- Оглас -

Најнови вести