Го заборави ли УЕФА Елмас? Го нема во топ 50 најперспективни играчи во Европа

Ниту еден македонски играч на возраст до 21 година не се најде на листата на УЕФА составена од топ 50 најперспективни фудбалери во Европа.

Го нема ниту Елиф Елмас, играч на Фенербахче и македонски сениорски репрезентативец, кој игра одлично и за него се интересираат и најголемите клубови во Европа.

Елиф игра стандардно за турскиот големец Фенербахче, а има настапи и за нашата селекција А, за разлика од доста играчи на листата на УЕФА, што не играат за своите национални селекции.

Меѓу попознатите играчи на листата на УЕФА се: Лука Јовиќ од Ајнтрахт Франфурт, Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, голманот на Манчестер сити Аријанет Муриќ, Жуниор Винисиус од Реал Мадрид, Дајот Упамекано од Лајпциг, Мартин Териер од Лион, Никола Миленковиќ од Фиорентина, Кај Хаверц од Баер Леверкузен, Ашраф Хакими од Борусија Дортмунд, Амаду Хајдара од Салцбург, Саму Чуквуезе од Вилјареал, Федор Чалов од ЦСКА Москва, Николо Барела од Калјари…

Комплетната листа на УЕФА со топ 50 најперспективни млади играчи кои настапуваат за европски клубови можете да ја погледнете овде.

- Оглас -

Најнови вести