Гоче вози „стокец“ во Калчото, Џенова остана кратка за епски камбек против Аталанта

Горан Пандев беше најдобар играч на теренот за Џенова откако влезе на стартот од второто полувреме, па со својот 101-ви погодок во Серија А и асистенцијата до Шомуродов сакаше да ѝ помогне на екипата да оствари епски камбек против Аталанта. Сепак, тимот на Пандев загуби со 3-4 на домашен терен, пораз кој не е значаен бидејќи од претходно е обезбеден опстанокот во елитата.

Гоче беше прецизен од белата точка во 67-та минута кога намали на 2-4, додека во 85-тата минута со асистенција придонесе за Џенова да намали на 3-4, што се испостави како конечен резултат на „Артемио Франки“.

Аталанта имаше сигурни 3-0 по првите 45 минути благодарение на головите на Запата, Малиноски и Госенс, додека Пашалиќ зголеми на 4-1 по 51 минута игра, за на крајот составот на Гасперини мораше да стравува да не испушти два драгоцени бода, со кои речиси сигурно се пласира во Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести