Левото крило на Славен Белупо, Бруно Года постигна маестрален гол за предност на неговата екипа против Локомотива од 1:0 во полуфиналето на хрватскиот куп.
Года за момент загуби контрола и се чинеше дека ја упропасти акцијата на домашниот тим, но брзо се снајде и следуваше вистинска бомба што се „закопа“ во горниот агол на гостинскиот гол.
Во Хрватска со овој меч, полуфинален во националниот куп се враќа фудбалот на сцена по две и пол месечна пауза поради Ковид-19, а кам-бекот е спектакуларен со погодок што вреди да се погледне.
Голот на Года можете да го видите ОВДЕ.
Утре во второто полуфинале ќе играат Риека и Осиек. Хрватското првенство ќе продолжи на 5. јуни.