Ѓоковиќ искрен: Ова е катастрофа

Новак Ѓоковиќ не само што не успеа да го освои последниот АТП Мастерс турнир за 2019 година, туку воопшто не успеа да ја помине ниту групната фаза. Србинот со два порази во три меча заврши на третото место во групата и остана без можност да се бори за трофејот.

Синоќа, во мечот кој мораше да го добие Новак, загуби од Роџер Федерер и тоа прилично убедливо со 2:0 по малку повеќе од еден час игра.

„Многу работи на овој меч не направив како што треба. Да бидам искрен, бев катастрофа. Федерер беше подобар во секој аспект и заслужено победи. Фантастично сервираше, добро се движеше, имаше одлични поени. Роџер играше одлично, а јас одиграв многу лошо и затоа загубив“, вели Ѓоковиќ.

Со овој пораз, Србинот и дефинитивно ги загуби шансите да го симне Шпанецот Рафаел Надал од првото место на АТП-листата до крајот на 2019 година.

Надал попладнево игра против Циципас во обид да стигне до место во полуфиналето на Мастерсот во Лондон.

 

- Оглас -

Најнови вести