20.8 C
Skopje
среда, 17 септември 2025

Ѓоковиќ донесе изненадувачка одлука пред почетокот на ЛОИ во Париз

Новак Ѓоковиќ одлучи за време на Олимписките игри во Париз да не биде сместен во олимпиското село заедно со останатите спортисти и да престојува на друга локација. Србинот сака да се подготвува во изолација за настапот на Олимпијадата и атакот на првиот златен медал од ЛОИ.

Единствениот медал од Олимпијадите за Ѓоковиќ е бронзениот од Пекинг во 2008-мата, додека во Лондон и во Токио го освојуваше четвртото место. Сепак, на претходната Олимпијада во Токио, Ѓоковиќ велеше дека ужива во олимпиското село.

„Уживам во секој момент, на место со повеќе од 10.000 спортисти, разменуваме мислења, животни приказни и работи за спортот. Такво искуство не може да добиете на ниту едно друго место.“ – рече тогаш Новак Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести