Ѓоковиќ е денешниот „зицер“ за обложување

Новак Ѓоковиќ – Роберто Баутиста Агут (14 часот – Вимблдон, полуфинале)

Бранителот на титулата е на чекор од пласман во големото финале на третиот овосезонски гренд слем. Шпанецот Баутиста Агут му стои на патот на Ѓоковиќ кон петтата титула на Вимблдон, а според тоа како игра првиот светски рекет, речиси е невозможно денеска да се случи сензација.

Хуркач е тенисерот кој може да се пофали дека освоил сет против Ѓоковиќ на Отвореното првенство кое се одржува во Лондон, но денес Баутиста нема да направи таков успех. Иако последните две средби му припаднаа на шпанскиот тенисер, Ѓоковиќ се има радувано на седум од вкупно 10 меча против Баутиста, а ова ќе им биде прва пресметка на трева.

Предлог тип: 1 & <32,5 гемови (2.15)

 

Рафаел Надал – Роџер Федерер (16 часот – Вимблдон, полуфинале)

Старите ривали денес ќе ги одмерат силите по 40-ти пат, а на Вимблдон ќе се сретнат за првпат по финалето од 2008 година, во кое славеше Надал. Љубителите на тенисот, но и навивачите на Надал и Федерер, очекуваат епска битка која може да се претвори во маратон. Па, кој не би сакал да гледа меч од пет сета меѓу едни од најтрофејните тенисери на сите времиња.

И двајцата се во феноменална форма, што речиси е невозможно да се предвиди победникот. Според претходните 39 меѓусебни средби, Надал води со 24 победи, 15 се за Швајцарецот. Пред полуфиналето на Ролан Гарос, Федерер имаше одлична низа од пет победи над стариот ривал, додека вториот светски рекет последен пат се радуваше во 2015 година. Со победата на Отвореното првенство на Франција, Надал стави крај на негативната серија, а потоа се круниса со нова титула во Париз.

Предлог тип: >40,5 гемови (1.85)

 

Јаблонец – Бохемијанс 1905 (18 часот – Чешка прва лига, прво коло)

На почетокот на новата сезона во Чешка и двете екипи се надеваат на позитивен старт. Бохемијанс минатата сезона едвај се спаси и остана во елитата, додека Јаблонец се задоволи со петтата позиција. И Јаблонец и Бохемијанс мака мачат со повреди, а тоа никако не им ги олеснува работите на тренерите.

Гледајќи ги последните неколку пет меѓусебни средби, фудбалерите на Јаблонец издвоиле три победи и едно реми, додека Бохемијанс славеше во последниот нивен меч кој се одигра во април. Денешните гости веќе четири години не можат да освојат три бода на стадионот „Стрелнице“, а се чини дека ниту денеска нема да се случи тоа.

Предлог тип: 1-3I & 1-3II (2.05)

 

Митјиланд – Есбјерг (19 часот – Данска прва лига, прво коло)

Стартува сезоната и во данскиот шампионат, а од вицепрвакот се очекува да тргне со победа пред своја публика. Митјиланд, сепак, треба да се пази бидејќи пред еден месец ја загубија контролката против Есбјерг, како и мечот во рамките од минатогодишното првенство. Речиси една година е без победа над денешните гости, што значи дека е време да се смени неуспешната низа.

Митјиланд во трите пријателски меча пред почетокот на сезоната едвај оствари еден позитивен резултат, додека Есбјерг оствари од сè по нешто.

Предлог тип: Т1 1+I & T1 2+ (2.15)

 

Aвстрија Виена – Квинс парк ренџерс (19 часот – пријателски натпревар)

Екипата од Виена уште пред 10 дена ги започна подготовките за новата сезона, а имаат уште толку време да го најдат победничкиот рецепт и да се борат за врвот во австриската Бундеслига. Англискиот второлигаш, пак, денеска стартува со претсезоната, така што од нив не се очекува да го покажат своето најдобро издание.

Ова ќе биде прва средба меѓу Виена и КПР, а со оглед на тоа дека е контролка, би било убаво двете екипи да почестат со по неколку погодоци.

Предлог тип: ГГ 4+ (2.50)

 

 

- Оглас -

Најнови вести