Ѓоковиќ е мајстор за пресврти од 0-2 до 3-2, седми пат по ред навреме ги искористи џокерите

Новак Ѓоковиќ губеше со 0-2 во сетови против младиот Италијанец Јаник Синер, но Србинот не дозволи да биде елиминиран од Вимблдон уште во четвртфиналето. Ѓоковиќ со пресврт го совлада Синер со 5-7, 2-6, 6-3, 6-2, 6-2 и оди во полуфинале против Белгиецот Гофан или Британецот Нори.

Ѓоковиќ има низа од 26 победи по ред на Вимблдон, на лондонската трева не знае за пораз уште од 2017 година кога испадна во четвртфиналето против Томаш Бердих, кога го предаде мечот во вториот сет.

Новак има серија од осум победи по ред во петти сетови, а ова му е седми пат во кариерата да победи со 3-2 по негатива од 0-2. Ова му е 84-та победа на Вимблдон, со што е втор на вечната листа.

- Оглас -

Најнови вести