Ѓоковиќ е тенисерот кој заработил најмногу пари во историјата

Новак Ѓоковиќ на спектакуларен начин успеа да се врати од 0:2 и со 3:2 да го победи Стефанос Циципас во финалето на Ролан Гарос. За Србинот тоа беше 19-та гренслем-титула и сега е само на еден голем трофеј од израмнување на рекордот кој го држат Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Дебатата околу тоа кој е најдобар тенисер во историјата останува. Дали е тоа Ѓоковиќ, Надал или Федерер, никој не може точно да каже, но точно се знае кој е тенисерот што заработил најмногу пари од играње на турнири. Со победата над Циципас, Ноле инкасираше 1,4 милиони евра и стигна до неверојатна сума од 123.688.000 евра заработени од играњето на турнири.

Зад Србинот е Федерер со заработени 107.512.000 евра, а трет е Надал со заработка од 103.165.000 евра. Во светот на женскиот тенис, најмногу пари заработиле Серена Вилијамс, вкупно 78.000.300 евра.

- Оглас -

Најнови вести