Ѓоковиќ е тениски магионичар, секогаш наоѓа трикови како да победи

Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на завршниот Мастерс во Париз, откако со 7-6, 7-6, го победи Американецот Тејлор Фриц. Во финалето, Србинот ќе се сретне со Каспер Руд или Андреј Рубљов.

Ѓоковиќ по веќе видено сценарио, ги освојуваше најважните поени и тоа го деморализираше противникот.

При 5-4 за Фриц во вториот сет, тој сервираше и имаше шанса да го земе сетот, но во клучен момент загуби еден поен откако топчето го удри во мрежа, можеби по вина на гледач кој викна среде поен. Оваа спорна ситуација која му помогна на Ѓоковиќ да израмни на 5-5, беше можеби и решавачка што Србинот победи во два сета.

Ѓоковиќ осми пат во кариерата ќе игра финале на завршниот Мастерс, но прв после 2018 година.

- Оглас -

Најнови вести