Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Мастетрс турнирот во Париз, каде за противник денеска ќе го има Ник Циципас. Популарниот Ноле има осум победи и три порази од Гркот, а сега Србинот е максимално оптимист дека може да стигне до нов трофеј сезонава, затоа што, како што вели, се наоѓа во одлична форма. Во четвртфиналето синоќа, Ѓоковиќ лесно го елиминираше Италијанецот Лоренцо Мусети на кого му препушти само три гејма.
„Ова беше мојот најдобар меч на турнирот и еден од најдобрите во сезоната. Од почетокот знаев со која тактика да влезам и како да играм и тоа го направив речиси перфектно. Единствено во првите неколку гејма од вториот сет не беше како што треба, но во остатокот на дуелот беше супер“, рече Ѓоковиќ кој е во атак на 91-виот трофеј во кариерата.