Ѓоковиќ за првпат по 2019 година се најде на листата, но сега го нема Надал

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, се најде на списокот на тенисери кои ќе играат на Мастерсот во Мајами, и тоа за првпат по 2019 година. Српскиот тенисер за првпат по пет години ќе игра во Мајами, каде што неколку сезони немаше дозвола за настап поради тоа што не беше вакциниран од корона-вирусот.

Ѓоковиќ шестпати е освојувач на овој Мастерс и сега по пауза од пет години, ќе има мотив за нов успех во Мајами на турнирот кој ќе биде во периодот од 20 до 31 март, а бранител на трофејот е Данил Медведев.

Оваа сезона во Мајами нема да го гледаме Рафаел Надал, кој не е на листата на учесници. Шпанскиот тенисер уште не е доволно закрепнат по повредата која ја заработи на стартот на новата сезона на турнирот во Бризбејн.

Се очекува Надал да закрепне за периодот кога ќе почнат турнирите на земја, неговата омилена површина за играње, па токму на некој таков турнир Шпанецот да се обиде во последната сезона од професионалната кариера да освои барем уште еден трофеј.

- Оглас -

Најнови вести