Ѓоковиќ го растури Ечевери и се чекираше во осминафиналето на АО

Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, со максимална победа од 3-0 над аргентинецот Ечевери, дојде до пласман во осминафиналето на Австралија опен. Србинот откако во првите два натпревари губеше сет од тенисери кои беа големи аутсајдери, денес одигра на сосема друго ниво и без проблеми дојде до победата.

Првите два сета му припаднаа на србинот со идентични 6-3. Во првиот клучниот момент беше во шестиот гејм кога Ѓоковиќ го направи единствениот брејк за водство од 1-0, додека во вториот сет направи два брејка, во третиот и во деветтиот гејм.

Во третиот сет ниту еден од тенисерите не успеа да направи брејк, па победникот беше одлучен во тај-брејкот кој му припадна на Ѓоковиќ со 7-2.

- Оглас -

Најнови вести