Ѓоковиќ го теши Медведев: Прашање на време е кога ќе ја освоиш првата гренслем титула

Новак Ѓоковиќ на доминатен начин стигна до 18-тата гренслем титула во кариерата, по победата во три сета против Данил Медведев во финалето на ОП на Австралија. За првиот светски рекет, ова е рекорден деветти трофеј на гренслемот во Мелбурн, со кој продолжува да ги брка водечките рекордери Роџер Федерер и Рафаел Надал.

По финалето, Ѓоковиќ го утеши Медведев дека прашање на време е кога Русинот ќе стигне до првата гренслем титула, а истакна дека тој му е еден од најтешките противници со кои се соочил во кариерата.

„Данил е класа играч. Надвор од терените е многу добар човек, пријателски настроен кон сите. На теренот, тој е еден од најтешките противници со кои сум се соочил во мојата кариера. Прашање е на време кога ќе стигне до својот прв гренслем трофеј, но ако не му пречи да почека уште некоја година, би било добро за мене. Би сакал сите да го почитуваат неговиот поход до ова финале со 20 победи во изминатите неколку месеци, навистина неверојатен учинок. За крај, би сакал да се заблагодарам на присутните во арената, ве сакам сите, оваа наша љубовна афера се зајакнува од година во година“, истакна Ѓоковиќ по победата.

- Оглас -

Најнови вести