Ѓоковиќ го загуби финалето, но останува една мистерија, што пие Србинот, а од неговиот тим тоа вешто го кријат? (Видео)

Новак Ѓоковиќ не успеа да го освои Мастерс турнирот во Париз, откако во финалето, помалку изненадувачки загуби од талентираниот дански тенисер Холгер Руне. Во меч кој траеше два и пол часа, Руне успеа да го победи фаворитот со 2:1 во сетови.

Ѓоковиќ не успеа да испише историја и да биде првиот тенисер кој седум пати го освојувал трофејот на овој турнир. Иако финалето беше возбудливо и неизвесно, сепак, уште се збори за еден детал од полуфиналето на Ѓоковиќ против Циципас.

На тој меч, во еден момент луѓето кои се дел до тимот на Ѓоковиќ, а тоа се Улисес Бадио, Горан Иванишевиќ и Марко Паничи, беа фатени на камера како тајно прават напиток за Србинот.

Дега се работи за нешто тајно, се гледа и по реакциите на луѓето на Ѓоковиќ, кои во еден момент се обидуваат што е можно повеќе да го скријат моментот кога во шишето се става мистериозната течност.

Бен Ротхенберг кој е голем критичар на Ѓоковиќ јавно се прашува што кријат од тимот на Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести