Ѓоковиќ има нов прекар, му го даде Матс Виландер!

Некогашниот тенисер, а сега аналитичар и коментатор, Матс Виландер, во минатото многу често го критикуваше Новак Ѓоковиќ, но сега почна да омекнува и признава дека Србинот е најдобар.

Виландер за Ноле рече дека не е „GOAT“ (Greatest of all time), што значи најголем на сите времиња, туку „BOAT“ (Best of all time), што во превод би било најдобар на сите времиња. Швеѓанецот објасни зошто Новак е најдобар, но не и најголем во историјата на тенисот.

„Тој освои најголем број на гренслем-титули, најмногу Мастерси, најконстантен е во последните 15 години. Не го сакам изразот GOAT, би сакал за Новак да кажам BOAT, бидејќи кога велиме најголем, многу работи влегуваат во тоа, не само спортските резултати и дека не треба да ја раздвојуваме големата тројка. Најдобриот на сите времиња го имаме тука, тоа е Новак Ѓоковиќ“, изјави Виландер.

- Оглас -

Најнови вести