На Новак Ѓоковиќ нема да му биде лесно да одбере дали во четвртфиналето во женска конкуренција помеѓу Арина Сабаленка и Ива Јовиќ да навива за Белорусинката која му е блиска пријателка или за 18-годишната Американка чиј татко е од Лесковац, а мајката Србинка родена во Сплит.
Ѓоковиќ е пријател со Сабаленка, со која често се шегува на конференции и тренинзи, тренираа и заедно неколку пати, а нешто слично направи и на овогодинешниот Австралијан опен со чудото Јовиќ, на која ѝ даде неколку совети, кои таа ги примени во својата игра, бидејќи на патот до четвртфиналето приреди неколку големи изненадувања.
Многумина се прашуваат дали Новак ќе се „меша“ пред овој дуел или неутрално ќе гледа од страна.

