Ѓоковиќ конечно реши да му врати на Кирјос

Најдобрите тенисери во светот се подготвени за настап на првиот грен-слем сезонава, Отвореното првенство на Австралија. Србинот Новак Ѓоковиќ го брани тронот освоен минатата сезона. Непосредно пред стартот на турнирот, Ѓоковиќ реши да позборува малку за Ник Кирјос, тенисерот кој често знае да го „закачне“ Србинот.

Кирјос коментираше против Ѓоковиќ кога Србинот ги организираше Адрија турнирите за време на пандемијата, потоа го нападна и за потегот со удирањето на линискиот судија кога Ноле беше исфрлен од ОП на САД, како и во неколку други ситуации. Новак секогаш молчел на провокациите на Кирјос, но сега реши да му одговори и тоа повторно на многу покултирен начин.

„Мислам дека тој е добар за тенисот. Очигледно дека е во прашање личност која е поинаква од другите. Што се однесува до тенисот и работите надвор од теренот, тој ги прави на негов уникатен начин. Го почитувам, како што ги почитувам и сите останати тенисери, затоа што секој има можност и слобода да се изрази како што сака. Моето почитување кон него е што се однесува за тениската игра. Надвор од теренот, да бидам искрен немам некоја посебна почит кон Кирјос“, рече Ѓоковиќ, кој утре сабајле започнува во првото коло на ОП на Австралија

- Оглас -

Најнови вести