Ѓоковиќ на теренот се појави пред да заврши тренингот на Надал и тогаш навивачите паднаа во делириум (Видео)

Рафаел Надал го завршуваше тренингот на стадионот „Филип Шатрије“ во Париз, кога неочекувано на теренот се појави Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер требаше да го започне тренингот 10-15 минути подоцна, но реши да дојде порано со единствена цел, а тоа е да го поздрави својот голем ривал Надал.

Нивното поздравување предизвика делириум кај навивачите кои беа на трибините. Едните скандираа „Рафа, Рафа“, а од другата страна се слушаше „Ноле, Ноле“.

Тоа беше поздрав на двајцата најтрофејни тенисери по бројот на освоени Гренд слем трофеи. Ѓоковиќ е рекордер со 24 трофеи, а Надал застана на бројката од 22.

- Оглас -

Најнови вести