Ѓоковиќ направи утка околу песната со која Ибра излезе на бината на „Сан Ремо“

Шведскиот фудбалер со балканско потекло Златан Ибрахимовиќ неодамна се пофали како танцува со звуците на стариот фолк хит „Јутро је“ од Нада Топчагиќ, па синоќа кога се појави на фестивалот „Сан Ремо“, во позадина одеше музика од истата песна.

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ му искоментира на Златан на „Инстаграм“ и напиша „Ах, туго туго“. Многумина му вратија дека ја утнал песната и дека ги помешал, по што тенисерот се поправи, но иако призна, грешката веќе беше направена.

Инаку, пејачката Топчагиќ се фотографираше во Белград со дрес на Ибрахимовиќ и така му се заблагодари на фудбалерот на Милан што излезе на бина со нејзиниот хит.

- Оглас -

Најнови вести