Златан даде 500-ти гол во клупската кариера, па лудуваше со песна од Нада Топчагиќ (Видео)

Откако на социјалните мрежи се појави клип на кој шведската фудбалска ѕвезда Златан Ибрахимовиќ е во одлично расположение и игра додека во заднина се слуша познат стар хит од српската пејачка на народна музика Нада Топчагиќ, видеото стана хит, а и пејачката го искоментира.

Ибра вчера дојде до бројка од 500 гола во клупската кариера, но оваа снимка е малку постара, не е по мечот со Кротоне, на којшто дојде до јубилејот. Но, терминот на објавување се поклопи со подвигот на Златан. Нада Топчагиќ му порача на Златан дека би сакала да се запознаат кога за десетина дена тој со екипата на Милан ќе допатува во Белград на дуел со Црвена ѕвезда од Лигата на Европа.

Крвта не е вода, еве како Златан се пали и изведува перформанс на песната „Јутро је“:

- Оглас -

Најнови вести