Ѓоковиќ немаше шанса да не го прослави роденденот на ќерка му со триумф

Роденденот на ќерката Тара, која денеска наполни три години, беше главната мотивација за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во вечерашниот меч против Британецот Кајл Едмунд од второто коло на Отвореното првенство на САД.

Ѓоковиќ и во 2016 година имаше играно на Отвореното првенство на САД против Едмунд, тогаш првиот светски рекет победи со 3-0 во сетови, а вечерва го загуби првиот со 6-7, пред рутински да ги добие наредните три. За Новак ова беше прв загубен тај-брејк годинава, но тој во 2020 година уште не знае за пораз и има скор 25-0.

Во следното коло Ѓоковиќ ќе се сретне со Германецот Штруф.

- Оглас -

Најнови вести