Ѓоковиќ пак разочара, елиминиран и на турнир кој не е од елитниот ранг

Новак Ѓоковиќ приреди уште едно непријатно изненадување на своите многубројни фанови, откако беше елиминран на турнирот во Женева. Се работи за турнир од серија 250, а Србинот прв пат во кариерата реши таму и разочара.

Во полуфиналето, Ѓоковиќ со 1:2 во сетови загуби од Томас Махач од Чешка. Тенисерот од Чешка е на 44 место на АТП листата и ова е негова прва победа над играч кој е број 1 на АТП листата.

Во првиот сет Ѓоковиќ водеше со 4:1, но Махач не само што не се предаде туку со пет гема во низа стигна до 6:4 и водство од 1:0. Во вториот сет Ѓоковиќ беше немилосрден и со мајсимални 6:0 израмни на 1:1 во сетови.

Решавачкиот трет сет започна со освен гем на Ѓоковиќ, а потоа следуваше неверојатна низа од шест гема по ред на Махач и освојување на сетот со 6:1 и победа од 2:1 за пласман на прво АТП финале.

- Оглас -

Најнови вести