Ѓоковиќ по 80 дена пауза, повторно ќе игра, и тоа на турнир на кој немаше план да игра

По речиси три месеци пауза од активното играње, Новак Ѓоковиќ се враќа на тенискиот терен, и тоа на турнир во Тел Авив. Србинот немаше во план да игра во Тел Авив, но откако не доби дозвола за настап на турнирите во Северна Америка (САД и Канада), Ѓоковиќ едноставно реши дека треба да игра во Израел за да нема уште поголема пауза.

Минатата недела Новак играше на Лејвер купот, но тоа беше од егзибициски карактер. Турнирот во Тел Авив е од Серијата 250, а наградниот фонд е 949.475 долари.

- Оглас -

Најнови вести