Ѓоковиќ по брза постапка го реши Французинот кој се силеше дека ќе го победи

Новак Ѓоковиќ победнички стартуваше на мастерсот во Рим откако со 2:0 во сетови го победи Французинот Корентен Муте. Интересно е дека Ѓоковиќ несигурно стартуваше и губеше со 3:1 во првиот сет, но потоа Србинот го покажа неговото вистинско светло.

Најдобриот тенисер во светот освои пет гејма по ред и го доби првиот сет со 6:3. Ѓоковиќ продолжи во ист стил и во вториот сет, кој го доби Србинот убедливо со 6:1. Муте едноставно немаше сили, но и квалитет да се спротистави против Ѓоковиќ, иако пред почеток на дуелот, Французинот се силеше и велеше дека очекува да го победи најдобриот тенисер во светот.

Во останатите мечеви кои се играа денеска на турнирот во Рим постигнати се следните резултати:

- Оглас -

Најнови вести