Ѓоковиќ почна да зборува за семејството и не издржа, па заплака (Видео)

Новак Ѓоковиќ беше немоќен во финалето на Отвореното првенство на САД и со убедливи 0:3 загуби од Данил Медведев. По овој пораз, Ѓоковиќ пропушти шанса да стане најтрофејниот тенисер во историјата по бројот на освоени гренслем-титули. Србинот остана на бројката од 20 трофеи, колку што имаат и Рафаел Надал и Роџер Федерер. Ноле со поразот не успеа да го комплетира и календарскиот гренслем.

Србинот вели дека иако загубил од Медведев, зад него е една многу успешна година.

„За жал, заврши така како што заврши. Крајот не е како што посакував, но мора да бидам горд на тоа што го направив. Ова е успешна година за мене. Освоив три гренслем-турнири, а во четвртиот загубив во финалето. Не сакам да звучам патетично и да се жалам затоа што има толку работи на коишто треба да се радувам. Секако дека ме боли поразот во Њујорк, човек сум и имам емоции, но тогаш ќе се сетам за тоа што имам неверојатна среќа во животот. Господ и ангелите ме подржуваа сите овие години и на тоа сум им вечно благодарен. Имам уште страници за испишување“, рече Ѓоковиќ, кој потоа не успеа да ги сочува емоциите и заплака.

„Животот сега е целосно друг. Сопруг сум и татко и имам други приоритети. Сакам повеќе време да поминувам со децата, тоа си го ветив самиот на себе затоа што…Отсуството ме боли. Се извинувам. Уффф“, емотивно реагираше Ноле, кој со солзи во очите ја заврши прес-конференцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести