Ѓоковиќ покажа каде се криел од бомбардирањето на НАТО (Видео)

Новак Ѓоковиќ ја покажа импровизираната скривница, која му била засолниште при бомбардирањето на НАТО пред 21 година.

Гостин на тенискиот ас му беше новинарот Греем Бејсинџер, кој прифати да сними материјал со разговор на домаќинот Ѓоковиќ.

„Овде го проведувавме времето при бомбардирањето во текот на две недели. Ништо не се променило и по две децении. Нема да верувате колку луѓе доаѓаа овде за да се заштитат од нападите“ вели Ѓоковиќ.

Во зградата во која во тој период живеел Ѓоковиќ, а се наоѓа во Белград има околу 50 станови, па Новак вели дека немало ниту доволно воздух.

„Не сум бил овде 7-8 години. Бев дете и бев престрашен од нападите. Не се чувствував безбедно, а имаше и по некоја солза и многу страв. Потоа некако се навикнаа луѓето, па имаше и песна, играа карти, само за да не мислат на бомбардирањето“, додава Ѓоковиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести