Ѓоковиќ продолжи со беспрекорниот поход во Белград

Новак Ѓоковиќ загуби само еден гем во победата над Федерико Корија во четвртфиналниот дуел од АТП 250 турнирот во Белград. Првиот светски рекет за помалку од еден час стигна до беспрекорни 6-1, 6-0 и се најде во топ 4 фазата каде што ќе го чека подобриот од дуелот меѓу сонародникот Душан Лајовиќ и Андреј Мартин.

Новак тргна сигурно со два брејка и водство од 4-0 во првиот сет, а потоа му дозволи на 96-то рангираниот тенисер да му украде еден сервис пред да прејде во предност по првиот сет. Уште поубедлив беше Ѓоковиќ во вториот сет во кој ја заврши работата за само 24 минути и не му дозволи на противникот да земе здив.

На доминантен начин Ѓоковиќ потврдува дека е подготвен за Ролан Гарос, а загревањето на домашниот турнир треба да го заврши со титула доколку не дојде до некое големо изненадување.

https://twitter.com/atptour/status/1397903075952656391

- Оглас -

Најнови вести