Ѓоковиќ се мачеше, но успеа да го совлада жилавиот Руне за 1080-та победа во кариерата

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, успеа да обезбеди пласман во плуфиналето на АТП Мастерс турнирот во Париз, откако во неизвесен меч кој траеше речиси три часа го совлада данскиот тенисер Холгар Руне со 2-1.

Србинот го доби првиот сет откако единствениот брејк го освои во 12-тиот гејм за 7-5. Најнеизвесно беше во вториот сет, кој му припадна на данецот дури во тај-брејкот. Ниту еден од тенисерите не успеа да направи брејк, но Руне беше посконцентриран и победи на поени со 7-3.

Во последниот сет, Ѓоковиќ покажа класа и со еден брејк дојде до 6-4 за конечни 2-1 во сетови и пласман помеѓу најдобрите четири тенисери на Мастерсот во Париз.

- Оглас -

Најнови вести