Новак Ѓоковиќ на прес-конференцијата по убедливиот триумф над Алекс де Минаур, говореше и на темата за неговата повреда, поточно за обвинувањата дека лаже дека е повреден.
„Тие кои се сомневаат, нека се сомневаат и понатаму. Интересно е дека вакви сомнежи има само кога јас сум повреден. За мене се зборува дека се преправам, а кога другите се повредени, претставени се како жртви. Не мора никому да му докажувам, имам снимки од ултразвук кои можеби ќе ги објавам некогаш“, изјави Србинот, кому следен противник му е Андреј Рубљов.